Запленети повеќе од 100.000 евра на македонско-српската граница

од Nikola Popovski
290 прегледи

Српските цариници спречиле два обиди за нелегално пренесување девизи преку границата меѓу Србија и Северна Македонија и заплениле вкупно 91.000 евра на премините Прешево и Прохор Пчињски, соопшти денеска тамошната Царинска управа.

Како што се наведува, на преминот Прешево цариниците во преградата на вратата од автомобил пронашле 80.000 евра.

Во друг случај, на преминот Прохор Пчињски, цариниците во торба на возач пронашле 30.000 евра за кои тој не поседувал потврда за износот, додека во чантата на неговата сопруга биле пронајдени уште 11.000 евра.

Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Слични содржини