390
Новинарот Зоран Иванов смета дека ова што се случува во Украина е класична агресија и ништо помалку.
-На ненајавена војна ви влегуваат во ваша територија, во членка на НАТО. Светот и разни дипломати ги менуваат термините и нема цврста дефиниција дали е интервенција, дали е агресија, кој карактер на конфликт, вели Иванов во емисијата „Само вистина“.
Според него, тешко е да преговара кога Украина си има работа со агресор.
-Не се на рамноправна основа. Не може да се постигне мир, додека вие преговарате, а се уште се пука. Не може да очекувате фер епилог. Излезот е прво Русија да се повлече, силите да се вратат во касарните, па да се седне на маса, смета Иванов.