Најчевска: Путин го губи допирот со реалноста

од Nikola Popovski
464 прегледи

Се добива впечаток дека имаме само борба на пропаганда, а дека нема вистина и реални факти. Не секоја пропаганда е добра пропаганда и треба да се базира на барем малку вистина и реални податоци, вели професорката Мирјана Најчевска во емисијата „24 анализа“.

Според неа, се повеќе отворено лаже,

-Да речеме излегува Путин и вика ова се само вежби и по неколку дена тоа се воени интервенции. Значи луѓето гледаат. Тоа е лажење, а не е пропаганда. Се повеќе во странските медиуми се развива теорија дека сам Путин почнал да го губи допирот со реалноста. Едноставно се влошува ситуацијата на постојано лажење од руска страна. Една лага да се замаскира со друга, па со трета. Тоа што го добиваме од Русија не е ни пропаганда веќе, додава Најчевска.

Слични содржини