Георгиевска: Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од залихи

од Берта Китинска
261 прегледи

Со издржани и навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните од ценовните шокови како последица на глобалната енергетска криза.Во оваа насока, ограничени се маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо. Претходно, цените на овие производи беа замрзнати, вели пратеничка на СДСМ, Марија Георгиевска.

-Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од правење залихи. Основните производи и сите останати артикли ги има и ќе ги има во доволна количина, а нивната цена нема да се зголеми драстично.Нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно, се следи внимателно ситацијата и доколку има потреба државата ќе интервенира.Во моментот нема потреба од тоа, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 1 месец, не вклучувајќи ги деновите кои може да се покријат преку државните резерви, посочува Георгиевска.

Таа посочува дека Владата и институциите предводени од СДСМ во континуитет, постојано преземаат конкретни мерки кои го штитат и унапредуваат стандардот на граѓаните.

Слични содржини