275
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска информираше дека започнува сериозна кампања преку Министерството за здравство за закажување термини за оние што не примиле бустер доза од вакцина.
-Ова пред сѐ се однесува за ризичните групи, во кои спаѓаат постарите од 65 години и со коморбидитети, а оние помлади од 65 години, но со повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС-порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетата определениот вакцинален пункт и да се вакцинираат. Овие групи се најсериозен удар и затоа сакаме да превенираме. Овде спаѓаат 260.000 граѓани, половина од нив не се целосно вакцинирани, а останатите немаат примено бустер доза, рече Мехмедовиќ на прес-конференција.