Федерер почнува да работи со рекет, но мали се шансите да заигра на Вимблдон!

од Vladimir Zorba
446 прегледи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се уште се опоравува од операцијата на коленото.

Закрепнувањето не оди според планот, па голема е веројатноста да го пропушти омилениот турнир – Вимблдон.

Последниот меч го одигра на британскиот Гренд слем кога во четвртфиналето беше поразен од Хуберт Хуркач.

– Се уште се опоравува. Не прави само физиотерапија, туку и онаа со мраз. Не само што ги зајакнува мускулите на нозете, туку и на целото тело. Сепак, не можам да кажам дека сум оптимист – признава Северин Лути, поранешниот тренер на Федерер.

Федерер оваа недела ќе почне да работи со рекетот, спаринг со сопругата Мирка, поранешна тенисерка. Лути, сепак, не дава големи шанси Роџер да игра на Вимблдон.

– Не велам дека тоа е невозможно, но не можам да го замислам неговиот настап во овој момент – додаде Лути.

Вимблдон оваа година се одржува од 27 јуни до 19 јули. Има уште многу време, но се доведува во прашање и коленото на 40-годишниот Федерер.

Слични содржини