Втората рунда од преговорите меѓу украинската и руската делегација започнаа, пренесе РИА, објавувајќи ги првите фотографии од средбата.
Според пишувањата, украинската страна имала три барања на кои ќе инсистира при денешните преговори.
Како што истакна членот на преговарачкиот тим на Украина, Михаил Подољак, неопходен е итен прекин на огнот, прогласување примирје и формирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите кои постојано се гранатираат.
Члены российской и украинской делегаций на переговорах пожали друг другу руки pic.twitter.com/uKK8dRZ8Cz
— Газета.Ru (@GazetaRu) March 3, 2022
Точната локација на која се сретнале официјалните лица на Украина и Русија не е позната, но станува збор за граничната област меѓу Белорусија и Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во разговор со францускиот колега Емануел Макрон посочи дека Русија нема да отстапи од своите цели – демилитаризација и денацификација на ситуацијата.