342
Собранието по скратена постапка ја усвои потребата за донесување Декларација со која се осудува воената агресија од Русија и се поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
„За“ Декларацијата гласаа 104 пратеници, тројца биле „против“, а еден пратеник бил воздржан.
-Со ова е усвоен предложениот дневен ред, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Декларацијата се состои од 8 точки, а во неа се наведува дека таа ќе се достави до Владата, Министерството за надворешни работи и до Министерството за одбрана.
Предлогот за Декларацијата беше на партијата ЛДП.