Сите луѓе на Путин: Кому најмногу му верува рускиот претседател, а кого слуша?

од Vladimir Zorba
392 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин ја предводеше руската армија во, како што тој ја нарекува, „специјална операција“ во Украина, која се заканува да ја уништи економијата на неговата земја.

Ретко изгледаше поизолирано отколку за време на двете неодамнешни појавувања со најблискиот круг, каде што седеше на растојание од најблиските советници.

Како врховен командант, крајната одговорност за специјалната операција на руската армија лежи кај него, но тој отсекогаш се потпирал на длабоко лојална придружба, од која многумина ја започнале својата кариера во руските безбедносни служби.

Прашањето е кој го има неговото вниманието во можеби најкобниот момент од неговото претседателствување.

Сергеј Шојгу, министер за одбрана

Ако некој го има, тоа е неговиот долгогодишен човек од доверба, Сергеј Шојгу, кој ја повтори линијата на Путин за демилитаризација на Украина и заштита на Русија од таканаречената „воена закана од Западот“.

Тој е човек кој оди на лов и риболов со претседателот во Сибир, а во минатото го гледаа како негов потенцијален наследник.

Меѓутоа, на една неодамнешна фотографија се гледа како седи на крајот од голема маса, подалеку од шефот на вооружените сили, а прашање е колку тој овде би можел да го привлече вниманието на Путин.

Фотографијата е направена третиот ден по почетокот на специјалната операција.

– Шојгу требаше да маршира во Киев, тој е министер за одбрана и требаше да победи – изјави Вера Миронова, специјалист за вооружени конфликти.

Тој беше заслужен за воената окупација на Крим во 2014 година. Тој исто така беше одговорен за воената разузнавачка агенција ГРУ, обвинета за две труења со нервен агенс – смртоносен напад во Солсбери во Британија во 2018 година и речиси фатален напад врз опозицискиот лидер Алексеј Навални во Сибир во 2020 година.

Друга фотографија одблиску изгледа уште полошо:

„Изгледаат како некој штотуку да починал, како да се на погреб“, рече Миронова.

Рускиот експерт за безбедност и писател Андреј Солдатов смета дека министерот за одбрана е сепак највлијателниот глас што го слуша претседателот.

– Шојгу не е одговорен само за армијата, тој е делумно одговорен и за идеологијата, а во Русија идеологијата главно се занимава со историјата и тој го контролира наративот – рече Солдатов.

Валери Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили

Како началник на Генералштабот, неговата работа беше да ја нападне Украина и брзо да ја заврши работата, а со оглед на тоа дека операцијата трае веќе осум дена, тој изгледа не ја исполнил својата задача.

Тој одигра голема улога во воената кампања на Владимир Путин откако командуваше со армијата во чеченската војна во 1999 година и беше на чело на военото планирање за Украина, надгледувајќи ги воените вежби во Белорусија минатиот месец.

Опишан од рускиот специјалист Марк Галеоти како „ненасмеан“, Герасимов одигра клучна улога во воената кампања за анексија на Крим.

Некои извештаи сугерираат дека тој сега е ставен настрана поради застојот во специјалната операција во Украина и наводниот низок морал меѓу руските трупи.

– Путин не може секој пат да го контролира секој баталјон и тоа е неговата улога – рече Солдатов.

Тој додаде дека иако министерот за одбрана ги сака своите униформи, тој нема воена обука и мора да се потпре на професионалци.

Николај Патрушев, секретар за национална безбедност

– Николај Патрушев смета дека Западот со години се обидува да ја заземе Русија – изјави Бен Нобл, професор по руска политика во Лондон.

Тој е еден од тројцата лојални луѓе на Путин кои служат со него од 1970-тите во Санкт Петербург, кога вториот по големина град во Русија беше познат како Ленинград.

Другите двајца „верни другари“ се шефот на службата за безбедност Александар Бортников и шефот на надворешната разузнавачка служба Сергеј Нарушкин. Целиот близок круг на претседателот е познат како „силовики“, или извршители, но тројцата се уште поблиски.

Малкумина имаат толку големо влијание врз претседателот како Николај Патрушев. Не само што работеше со него во старата КГБ за време на комунистичката ера, туку го замени како шеф на организацијата што ја наследи КГБ – ФСБ – од 1999 до 2008 година.

На состанокот на рускиот Совет за безбедност три дена пред почетокот на специјалната операција во Украина, Петрушев изјави дека „конкретната цел“ на САД е да ја разбијат Русија.

Оваа сесија беше малку необична. Додека Путин седеше на маса, на говорницата излегуваше по еден член на неговиот безбедносен тим и го кажа своето мислење за признавањето на независноста на Доњецк и Луганск.

Нобл рече дека Патрушев го поминал тестот, пренесе Би-би-си.

Александар Бортников, шеф на Службата за безбедност (ФСБ)

Експертите за прашања поврзани со Кремљ велат дека претседателот повеќе од кој било друг извор им верува на информациите што ги добива од безбедносните служби, а Александар Бортников се смета за дел од најтесниот круг на Путин.

Уште една стара рака од Ленинградската КГБ, го презеде раководството на наследникот на ФСБ, кога Патрушев продолжи понатаму.

Познато е дека и двајцата се блиски со Путин, но Нобл истакна дека „не можеме со сигурност да кажеме кој е главен и кој ги носи одлуките“.

– Тој е важен, но не е таму за да го предизвикува Путин или да дава совети како другите – смета Андреј Солдатов.

Сергеј Нарушкин, директор на Службата за надворешно разузнавање (СВР)

Сергеј Нарушкин е третиот човек од Ленинградската КГБ и беше со Путин во поголемиот дел од неговата кариера.

Шефот на разузнавачката служба на барање да ја процени ситуацијата бил вознемирен и ги побркал ставовите, за претседателот да му каже: „Не зборуваме за тоа“.

Некои мислат дека Кремљ решил да покаже дека не му е удобно пред големата телевизиска публика.

– Беше шокантно. Тој е неверојатно кул и прибран, па луѓето ќе прашуваат што се случува овде – изјави Бен Нобл за Би-Би-Си.

Сепак, Солдатов смета дека рускиот претседател едноставно уживал во моментот.

– Путин сака да си игра игри со својот внатрешен круг, правејќи го Нарушкин да изгледа како будала – рече Солдатов.

Нарушкин долго време беше во сенка на Путин, во 1990-тите во Санкт Петербург, во 2004 година во кабинетот на Путин и на крајот стана претседател на парламентот.

Сепак, тој го води и Руското историско друштво и, според Солдатов, се покажал многу важен во обезбедувањето идеолошка основа за претседателот за неговите постапки.

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи

Тој е врвен руски дипломат 18 години, претставувајќи го случајот „Русија“ пред светот, дури и ако се смета дека тој не игра голема улога во одлучувањето.

Сергеј Лавров (71) е уште еден доказ дека Владимир Путин многу се потпира на луѓето од своето минато.

Долго време беше на маргините по прашањето за се што се однесува на Украина и се залагаше за понатамошни дипломатски разговори за Украина, а рускиот претседател одлучи да го игнорира тоа.

Додека пред неколку дена преку видео врска се обидуваше да ја оправда руската акција во Украина, голем број дипломати во Советот за човекови права на ОН одбија да го сослушаат и ја напуштија седницата.

Валентина Матвијенко, претседател на Советот на федерацијата

Ретка женска фигура во кругот на Путин, таа го надгледуваше гласањето на Горниот дом за одбележување на распоредувањето на руските сили во странство, отворајќи го патот за „специјалната операција“.

Валентина Матвијенко е уште една лојална личност на Путин од Санкт Петербург, која помогна да се преброди анексијата на Крим во 2014 година.

Сепак, се верува дека не е примарна за донесување одлуки.

Виктор Золотов, командант на Националната гарда

Поранешен телохранител на претседателот, Золотов сега раководи со руската национална гарда Росгардија, која Путин ја формираше пред шест години како вид на лична армија.

Откако го избрал својот личен телохранител да го води, тој се уверил во неговата лојалност, а Виктор Золотов го зголемил бројот на чувари на 400.000 регистрирани.

Вера Миронова смета дека првичниот руски план бил специјалната операција да биде завршена во рок од неколку дена, а кога се чинеше дека армијата не успеа, Руската национална гарда го презеде водството.

Проблемот е што лидерот на Националната гарда нема воена обука, а бидејќи неговата армија нема тенкови, тоа ги прави ранливи.

Кој друг го слуша Путин?

Премиерот Михаил Мишустин има незавидна задача да ја спаси економијата, но за војната нема многу зборови.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и шефот на државниот нафтен гигант Роснефт, Игор Сечин се исто така блиски до претседателот, според политичкиот аналитичар Евгениј Минченко.

Браќата милијардери Борис и Аркадиј Ротенберг, кои се пријатели од детството на претседателот, исто така долго време се блиски луѓе од доверба. Во 2020 година, магазинот „Форбс“ ги прогласи за најбогато семејство во Русија.