По последната рунда преговори меѓу Русија и Украина, украинската страна постави три барања на кои ќе инсистира. Како што истакна членот на преговарачкиот тим на Украина, Михаил Подољак, неопходен е итен прекин на огнот, прогласување примирје и формирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите кои постојано се гранатираат. Донесуваме детали за луѓето кои одлучуваат за судбината на планетата на преговарачката маса.
Преговарачи на руската страна
Андреј Руденко
Руднеко е заменик шеф на руската дипломатија. Во своите претходни изјави тој ги нарече Украина и Грузија „црвена линија“.
Александар Фомин
Во 2017 година, тој беше унапреден во заменик министер за одбрана на Руската Федерација. Го посетувал воениот институт Црвено знаме на Министерството за одбрана.
Владимир Медински
Медински е истакнат руски политичар и публицист и е главен преговарач на руската страна. Тој бил министер за култура од 2012 до 2020 година и е член на Генералниот совет на партијата на Путин, Единствена Русија.
Леонид Слуцки
Тој е пратеник во Државната дума на Руската Федерација. Слуцки е претседател на Комисијата за меѓународни прашања, а докторирал на економски науки.
Борис Гризлов
Бил министер за внатрешни работи, а од 2003 до 2011 година беше претседател на Државната дума. Тој е амбасадор на Руската Федерација во Белорусија.
Преговарачи од украинската страна
Олексеј Резников
Украински адвокат и политичар кој бил министер за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина. Во ноември минатата година бил назначен за министер за одбрана.
Давид Арахамија
Тој е украински политичар и бизнисмен со грузиско потекло. Во 2019 година, тој бил избран за лидер на фракцијата Слуга на народот во парламентот.
Михаил Подљак
Советник на претседателот на Украина кој побара итен прекин на огнот во новата фаза од преговорите.