Засега имаме најниска цена на енергенсите, вели премиерот Димитар Ковачевски во Утрински Брифинг.
Тој посочи дека во однос на цените на храната Владата донесе мерки за ограничвање на цените и ограничување на маржата. Има и социјални пакети за енергетска поддршка на ранливите семејства, а беше покачена и минималната плата па сега со две минимални плати може да се покрие синдикалната потрошувачка кошничка.
-Привршуваме со методологијата за покачување на пензиите и верувам дека уште денес ќе имаме решение за методологија усогласена со барањата на пензионерите, вели премиерот Димитар Ковачевски за Утрински брифинг.
Уште при конципирањето на буџетот за годинава беа намалени непродуктивни трошоци и беа одвоени средства за покривање на економската криза за која знаевме дека следува, вели премиерот.
-Буџетот е ликвиден и е во состојба да ги финансира сите обврски што ги има. Гувернерката веќе рече дека државните резерви се на високо ниво и дека денарот е стабилен, банкарскиот систем е добро уреден, вели Ковачевски.