Припадници на српската сообраќајна полиција на граничниот премин Прохор Пчињински исклучиле од сообраќај 33-годишен возач на „Тојота“ од Северна Македонија, соопштија од полициската управа во Врање.
Утврдено е дека возачот бил под дејство на психотропни супстанци.
Нему му е одредена мерка притвор до 12 часот и е изведен пред судија за прекршоци во Бујановац.