Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска и пред почетокот и за време на НАТО состанокот го привлече вниманието кон импликациите на руско-украинскиот конфликт за регионот на Западен Балкан и нагласи дека проширувањето на ЕУ е од безбедносна важност за континентот. Токму поради тоа, вели тој, преговорите со Северна Македонија и Албанија имаат огромно значење.
-Западниот Балкан е слаба точка на континентот, иако има веќе три земји членки на НАТО, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, ја менува динамиката во регионот, но сѐ уште има отворени прашања, тоа е Босна и Херцеговина, тоа е односот Косово-Србија. Имајќи предвид дополнителни две прашања, тоа е блокирањето на пристапниот процес за Албанија и Северна Македонија, некако го прави ранлив целиот регион, изјави за МИА Османи.
Тој во својот говор пред другите учесниците на министерскиот во НАТО денеска нагласи дека “политиката на проширување е пред сѐ безбедносна политика и во оваа ситуација треба да се даде приоритет за да веднаш се смени оваа динамика во регионот, односно да се почне со пристапните преговори со нас и со Албанија”