„Управата за јавни приходи ја следи разликата меѓу набавната и продажната цена на производи за кои има замрзнување на трговската маржа. Ќе постапуваме низ целата држава и сите дистрибутивни центри“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека ќе се контролира секаде каде што ќе алармираат граѓаните и институциите и дека во вако време, сите треба да си помагаме, а не да се прават злоупотреби.
Лукаревска изјави дека за месец февруари забележно е за 28,63 отсто поголем поврат на ДДВ во однос на истиот месец минатата година, а исто така се забележува и раст на приходите во буџетот.
„Имаме раст на приходите споредено со 2019, 2020 и 2021 година. Во оваа 2022 година имаме соодветна, повисока наплата дури и од предвидувањата. Очекуваме дека работите ќе се движат во позитивна насока и во следните месеци“ рече Лукаревска.