Донацијата за Украина е класифицирана информација, вели Петровска

од Nikola Popovski
307 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва уште еднаш повтори дека барањето од Украина за воена и медицинска помош од Македонија е класифицирана информација.

-Барањето преку украинската амбасада е со класифицирана содржина. Од тие причини во јавноста објавивме дека донесовме одлука за донирање опрема. Ако сакавме да скриеме, ќе скриевме. Што се однесува до вредноста и количината, не можеме да објавиме поради класифицираност на информацијата на барање на Украина, рече Петровска во емисијата „360“, додавајќи дека донацијата не влијае на капацитетите на Армијата.

Пред неколку дена Владата на Република Северна Македонија објави дека се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.

Слични содржини