СДСМ: Со новата методологија се обезбедува континуран раст на пензиите во просек по 900 денари

од Vladimir Zorba
308 прегледи

„Со усвојувањето на новата методологија се обезбедува континуран раст на пензиите во просек по 900 денари, за достоинствен живот на пензинерите. Просечно 900 денари на сметка е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија“, велат од СДСМ.

„Дополнително, обезбедуваме и 3.000 денари за финансиска помош за пензионерите.

Во наредните три месеци (април, мај и јуни) над 330.000 пензионери, во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари месечно.

Оваа финансиска помош од дополнителни 3.000 денари е од исклучителна важност за пензионерите во време на проширена енергетска криза.

СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и го штити стандардот на граѓаните“, истакнуваат од Бихаќка.