Зошто Медведев го избриша руското знаме?

од Vladimir Zorba
412 прегледи

Данил Медведев го повлече потегот што никој не го очекуваше. Тој го отстрани руското знаме од описот на својот профил на Инстаграм, а се дозна дека добил голем ултиматум.

Најдобриот светски тенисер решил да го повлече потегот кој привлече големо внимание кај фановите, но и кај медиумите од источниот дел на Европа.

Медведев решил во описот да ги задржи спонзорите со кои соработува, името на професијата (професионален тенисер) и пораката на италијански „Mia san Mia!“ и снимка од интервју на руски јазик.

Русинот во моментов го следат 954.000 луѓе, па не требаше долго да се забележи таков потег.

Сето ова се случува во време кога АТП не му дозволува да настапува под руско знаме, па на ранг листата на најдобрите во светот нема руска тробојка.

Подоцна беше откриено дека добил ултиматум. РИА пренесува дека тој морал да го стори тоа, инаку ќе добиел забрана за настап на турнејата.

Заедно со Медведев, истото мораше да го направи и Карен Хачанов.