Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, тврдат од „Бихаќка“

од Vladimir Zorba
224 прегледи

„Граѓаните да бидат спокојни. Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, a што е најважно домашното производство е зголемено благодарение на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години. Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ преку кои се обидуваат да ја вознемират јавноста пропаднаа“, посочуваат во соопштение од партијата на власт.

„Во изминатите години производството не само што не е намалено, туку е и значително зголемено за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза. Ако во 2017 година домашното производство на пченица било 195.888 тони, во 2021 година изнесувало 253.674 тони Тоа се 50.000 тони повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пченица произведена во време на пандемија, енергетска криза.

Со растот на домашното производство се намалува количината на увоз на пченица кој денес е речиси 13.000 тони понизок во однос на 2017 година.

И месо има во доволни количини. Владата предводена од СДСМ и институциите преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо. Следува дополнителна финансиска помош за одгледувачите на свињи, како и поддршка за сточарите, со што ќе се спречи поскапувањето на цената на месото“, велат меѓу другото од Бихаќка.

Слични содржини