Британскиот вицепремиер Борис Џонсон, Доминик Раб, изјави дека конфликтите во Украина би можеле да траат неколку месеци или години.
Тој рече дека западните сојузници ќе мора да покажат „стратешка издржливост“ за да се обезбеди неуспех на рускиот претседател Владимир Путин.
– Мисијата што ја споделуваме со нашите сојузници е да се погрижиме Путин да не успее во Украина, а за тоа ќе биде потребно извесно време. Зборуваме за месеци, ако не и години. Затоа мораме да покажеме одредена стратешка издржливост, бидејќи нашата работа нема да биде завршена за неколку дена – истакна Раб во интервју за Sky news.
Раб додаде дека смета оти „НАТО и земјите од Централна и Источна Европа се апсолутно одлучни и ние ќе ги поддржуваме до крај“.
Тој, исто така, повторно го отфрли наметнувањето на зона на забранети летови над Украина, велејќи дека тоа ќе доведе до „масовна ескалација“ и ќе биде вклучено во наративот на рускиот претседател.