Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со рускиот колега Владимир Путин и ја изрази подготвеноста на неговата земја да придонесе за изнаоѓање мирно решение за проблемите на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за комуникации при кабинетот на турскиот претседател соопшти дека двајцата лидери разговарале во телефонски разговор за билатерални прашања и рускиот напад врз Украина.
Во соопштението се наведува дека за време на разговорите Ердоган ја изразил подготвеноста на Турција да придонесе за брзо решавање на украинскиот проблем со мирни методи.
Турскиот претседател истакна дека итен генерален прекин на огнот не само што ќе ја ублажи хуманитарната закана во регионот, туку и ќе овозможи да се бара политичко решение.
!Ајде заедно да го отвориме патот кон мирот“, му порача Ердоган на Путин.
Ердоган, исто така, ја истакна важноста од преземање итни чекори за обезбедување прекин на огнот, отворање на хуманитарни коридори и потпишување мировен договор.
Нагласувајќи дека е во постојан контакт со украинската страна и со другите земји, Ердоган рече дека ќе продолжи со напорите да води сеопфатни преговори за да се постигнат резултати.