Ковачевски: С. Македонија има најниски цени на прехранбени производи во однос на земјите од регионот

од Nikola Popovski
186 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција зборуваше повеќе за високите цени на прехранбените производи во државата.

-Точно е деа има зголемени цените и на храната и на енергенсите, меѓутоа тоа се должи на најголемата криза која што Европа ја памети во поново време. На територијата на Европа се води војна која што е резултат на агресијата на Русија врз независна држава и направи комплетен дисбаланс на снабдувањето и цените на прехранбените производи. Споредбено со цените на енергенсите и цените на храната, Северна Македонија има најниски цени во однос на сите земји во регионот. Тоа се должи на мерките што ги презедовме во однос на цените на струјата, рече Ковачевски.

 

Слични содржини