Заврши третата рунда преговори: Постигнат „мал напредок“

од Nikola Popovski
182 прегледи

Третата рунда преговори во Беловежската шума меѓу Русија и Украина заврши по три часа, јави ТАСС. Ова во понеделникот го соопшти руската амбасада во Минск на својот канал на Телеграм.

Новинската агенција Ројтерс објави дека украинскиот преговарач потврдил дека има „мал позитивен напредок“ во врска со потенцијалните хуманитарни коридори.

Руската делегација ја сочинуваа помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин, рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов и шефот на Комитетот на Думата за меѓународни прашања Леонид Слуцки. Украина ја претставуваа советникот на шефот на претседателската канцеларија Михаил Подољак, шефот на фракцијата „Слуги на народот“ во Врховната Рада Давид Арахамија и министерот за одбрана Алексеј Резников.

Да потсетиме, првата рунда преговори се одржа на 28 февруари во регионот Гомел во Белорусија, по што делегациите се вратија во главните градови за да разговараат за резултатите од средбата. За време на вторите разговори на 3 март, страните се договорија за изградба на хуманитарни коридори.