Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со податоци од непресметлив свиркач

од Nikola Popovski
438 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со податоци за вработени во ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје, добиени од свиркач кој не е пресметлив и е класичен „клинички случај“, поради што сите податоци се намерно измешани и тендециозни, се со цел да ја дискредитираат партијата и нејзиното раководство, велат од партијата „Демократски сојуз“.

Според партијата, никој од посоченит, што ги објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, не е вработен во последните четири години, ниту пак има или имало било какво влијание блискоста на вработените со раководството на партијата.

-Во јавното претпријатие се вработени без партиско влијание, таму меѓу себе се запознавале, се дружеле, некои од нив стапиле во брак итн. Најголемиот број вработени се примени во периодот од 2005 до 2017 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Скопје, со свој градоначалник и мнозинство во Советот на Град Скопје. Загрижува и тоа што ВМРО-ДПМНЕ објавува неточни лични податоци и за лица кои немаат никаква поврзаност со партиите, ниту пак се јавни личности, за што ги повикуваме надлежните институции да реагираат, соопштија од ДС и додаваат:

-Nе сакаме да веруваме дека ова е алиби на ВМРО-ДПМНЕ за прогонот што се одвива спрема голем број од вработените во ЈП „Градски паркинг“ од актуелното вмровско раководство на претпријатието.

Стоилковски денес соопшти дека ЈП Градски паркинг со години било оставено како штаб на Демократски сојуз на Павле Трајанов.

-Раководител на внатрешна контрола- роднина на Павле Трајанов- Даниел Ефтимов. Стручен соработник за планирање, Ѓорѓи, братот на Даниел, воедно роднина на Трајанов. Славчо Јованов, помлад референт, роднина на Павле Трајанов. Петар Василов, кумашин на Павле Трајанов. Филип Антовски, близок соработник на Павле Трајанов. И секако Славче Јовановски, уште едно име од списокот за повластени неплаќачи на паркинг, односно луѓе коишто овозможувале функционери од власта да паркираат. Листата е долга, листата на вработени високи функционери и роднини на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, исто како што е долга и листата на неплаќачи, повластени за паркирање во Скопје, кажа Стоилковски.

Слични содржини