Николовски: Ова се најтешките денови после Втората светска војна

од Nikola Popovski
191 прегледи

После Втората светска војна ова е најнеизвесниот период и нема простор за комоција и комфрот, вели министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски во емисијата „24 анализа“, говорејќи за најновата економска ситуација во земјата и поскапувањата на горивата.

Според него, потребен е простор за размислување како да опстанеме и како да опстоиме со сите ресурси со кои располагаме.

-Оваа е најнеизвесната економска година како резултат на сите светски текови, како да егзистира економијата и да помогнеме како влада. Ова се најтешки денови после Втората светска војна. Граѓаните треба да знаат колку е тешко и штоа се случува. Владата се обидува со сите напори, додаде Николовски.

Слични содржини