МНР му врачи вербална нота на амбасадорот Баздникин

од Nikola Popovski
307 прегледи

Министерството за надворешни работи денес го повикало на разговор рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.

Во просториите на МНР на амбасадорот му била врачена вербална нота, поради одлуката Руската Федерација да ја стави Северна Македонија на листата на непријателски земји, соопштиле од МНР за МИА.

Согласно Указот на Претседателот на Руската Федерација бр. 95 од 5 март 2022 година, Владата на Русија одобри список на држави кои вршат против Руската Федерација, руските компании и граѓани непријателски дејствија.

На листата се Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, земји-членки на Европската Унија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Северна Македонија, Сингапур, САД, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.

Земјите споменати на оваа листа наметнаа санкции или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот руската инвазија на Украина.

Министерот за надоврешни работи, Бујар Османи, во моментот на објавување на списокот од страна на руското МНР информираше дека нашата земја не добила официјално известување за тоа.

-Не сме информирани официјално за таков став на Руската федерација кон нашата држава, кажа денеска Османи.

Слични содржини