Лидерот на ДПА, Мендух Тачи смета дека со агресивноста на Путин, западниот свет е притиснат до ѕид и мора да реагира.
-Заканата за нуклеарно оружје е класична мафијашка закана и морате да бидете спремни. Не верувам дека до тоа ќе дојде, иако во рацете на Путин има и други биолошки оружја. Нуклеарното оружје во рацете на Русија може да биде и неупотребливо. Некои болеви глави се од 1978 година и тоа е веќе исклучително старо. Путин овие барања што ги постави е свесен дека не може да се исполнат. Мислам дека тој бара територија, вели Тачи во емисијата „Утрински брифинг“.
Според него, треба да внимаваме и да се пазиме од „русофобијата“.
-Уште од времето на Хитлер, народот што гласа такви лидери, плаќа висока цена. Кај Албанците, размислувањето е проамериканско. Во овие моменти мораме да заземеме страна, не смееме да стоиме и да гледаме. Не е добро тоа што ако работите ескалираат, мораме да бидеме солидарни. Украинците навистина даваат отпор, доколку не даваа никој не можеше ниту НАТО, ниту ЕУ, ниту САД да ги поддржува. Албанците треба да сфатат дека овие вредности што ни се тука, не се само за нив, туку за сите што живеат тука. Сите ние, почнувајќи од господинот Заев, плативме голема цена. Не смееме да ни се случат непредвидливи работи. Лично убаво се чувствувам што сум бил дел од градење на оваа држава, потенцира Тачи.