ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ОД КАРДИОЛОГ: Месото е здраво за срцето, само ако го јадете ВАКА!

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Кардиологот Вилијам Дејвис верува дека често храната која е добра за цревата е добра за срцето.

– Лекарите треба да бидат експерти за исхрана и микробиоми – рече др. Дејвис за „mindbodygreen“. Бидејќи микробиомите во цревата играат важна улога во одржувањето на имунолошкиот систем, ова го вклучува и здравјето на срцето.

Затоа др. Дејвис наведе некои од омилените намирници кои секогаш ги чува во фрижидер, а кои му помагаат да го одржува здравјето на срцето.

Кардиолог кој го фали месото? Ова е навистина необично. Вообичаено, исхраната за срцето се заснова на храна од растително потекло, а тоа често значи отфрлање на месото со цел да се намали нивото на холестерол во крвта и крвниот притисок.

Дури и една студија објавена во списанието Journal of the American Heart Association докажа дека оние кои следат диета базирана на растителна храна можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје за 16 проценти.

Сепак, Дејвис верува дека органски одгледаното месо (животни кои паселе трева) е важен дел од урамнотежената исхрана за здраво срце. Месото од животински органи (црн дроб, јазик, панкреас, бубрези и сл.) е богато со витамин Б, железо, цинк, магнезиум, селен, холин и витамини растворливи во масти (А, Д, Е и К).

– Модерните луѓе станаа толку одвратни што веќе не го јадеме мозокот, срцето, јазикот или црниот дроб. Покрај тоа, правиме многу глупави работи, на пример, купуваме месо без коски, пилешки гради без кожа и не користиме хранливи материи кои се наоѓаат во коските и коскената срцевина. Како и колаген и хијалуронска киселина кои се наоѓаат во кожата – изјави Дејвис.

Со отфрлање на кожата и коските на животните, ние всушност ги отфрламе придобивките од месото.

-Чувајте ги коските, маснотиите и од тоа правете чорби и супи- истакна тој.

Слични содржини