Каевски: Мицкоски стана нелегален асистент по јавни набавки на Арсовска

од Nikola Popovski
187 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски ги повика сите надлежни институции да го истражат случајот по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преговарал и договарал зделки за набавка на автобуси во име на Данела Арсовска и да не дозволат криминал и корупција.

-Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена. Никаде во светот претседател на политичка партија не преговара за јавни набавки кои се во надлежност на единица на локална самоуправа, потенцира Каевски.

За пратеникот на СДСМ, тврдењето на Мицкоски дека понудувачот е веќе најден и дека се подготвува и тендерска документација укажува дека постои можност зделката да е веќе договорена на незаконски начин.

-Ова е исто како набавката на кинеските автобуси кога државниот буџет бил оштетен за пет милиони евра. Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од друга фирма, која била за неколку милиони евра пониска. За овој скандал веќе се водат судски процеси, изјави Каевски.

 

Слични содржини