Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ во вторникот објави дека привремено ги суспендира сите свои активности во Русија.
Така, производителот на спортска опрема се придржи на своите ривали „Пума“ и „Најк“, кои претходно донесоа слични одлуки.
„Одлучивме да ги затвориме сите наши продавници во Русија до понатамошно известување, а исто така нема да продаваме онлајн“, соопшти „Адидас“.
Но, платите на работниците во сега затворените дуќани ќе продолжат да се исплаќаат.
Пред седум дена „Адидас“ ја прекина долгогодишната соработка и со Руската фудбалска федерација поради руската инвазија на Украина.
„Адидас“ е присутен на рускиот пазар од 1960-тите, а во тој период спонзорираше бројни спортски федерации и на тогашниот СССР и на подоцна независна Русија.