Организаторите на тенискиот турнир од „Мастерс“ серијата во Индијан Велс (САД) потврдија дека во главната ждрепка на натпреварувањето се уште е бројот 2 во машката светска ранг листа, Новак Ѓоковиќ, но не е јасно дали на Србинот ќе му биде дозволено да влезе на територијата на САД.
„Новак Ѓоковиќ е на списокот на учесници и затоа е вклучен во ждрепката. Во моментов комуницираме со неговиот тим. Не е јасно дали ќе добие медицинско ослободување“, додаваат организаторите.
Ѓоковиќ не е вакциниран против коронавирус, што му го отежнува учеството на некои меѓународни турнири.
Доколку тоа се случи и Србинот има право да стартува на турнирот, ќе започне со победникот од мечот меѓу Белгиецот Давид Гофен и Австралиецот Џордан Томпсон.
Во првото коло одмора и лидерот во шемата на турнирот во Индијан Велс и број 1 во светот Даниил Медведев. Русинот ќе започне со меч против Австралиецот Алексеј Попирин или квалификант.