Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави фотографија од средбата со министерот за правда Никола Тупанчевски.
-Со министерот за правда Никола Тупанчески разговаравме за тековните реформи во сферата на правната држава, вклучувајќи ги судските реформи, борбата против корупцијата, во согласност со приоритетите во рамките на евроинтегративниот процес.Реформите се потребни не само заради задоволување на формалните критериуми за членство во ЕУ, туку и заради довербата на граѓаните во сопствената држава и нејзините институции, информираше Пендаровски.