Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција информираше за новите пакет мерки.
-Најранливите категории на граѓани ќе добиваат ваучери од по 1000 денари. Ќе можат да се употребат за купување на основните производи.Тоа се ваучери во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци, за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основните производи, рече Ковачевски.
Водено ДДВ-то за основните хранителни продукти се намалува од 5% на 0.
-Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се: леб, шеќер, брашно тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите за основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме создавање на наднормален профит, кажа Ковачевски.