Ова ќе биде тешка година, но ќе продолжиме да се бориме. Заеднички ќе пребродиме се, квалитетот на животот на граѓаните е приоритет, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи ги 26 пакет мерки за спречување на ценовниот шок.
Тој појасни дека дел од мерките и препораките, особено во делот на акцизата, во делот на ДДВ-то треба да се направат измени во законите за акцизата и за ДДВ, а тие, како што рече, веднаш ќе бидат пратени во Собранието.
– Сите пратеници, без исклучок од која политичка партија доаѓаат имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале и пред сите граѓаните во државата, рече Ковачевски.