Ковачевски: Не можете да барате од граѓаните да штедат, доколку политичарите не дадат пример

од Nikola Popovski
200 прегледи

Буџетот беше планиран уште на почетокот со тековни трошоци за 8%. Трошоците за мебел, автомобили и други непотребни трошоци ги сведовме на минимум, освен оние во МОН за училиштата пред се, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Премиерот информира дека во буџетот има програми кои се наменети како резерви.

-Дупката во буџетот ќе биде помала од 400 милиони евра, колку што е предвиден денешниот предлог за сет мерки. Буџетот ги предвидува и задолжувањата во буџетот. Проекциите засега се по планот и се е во рамките, додаде Ковачевски.

Според него, една од препораките денес во министерствата и владините институции била да се рационализираат трошоците и се она што не е неопходно да не се набавува.

-Владата ќе штеди. Сите министри денес добија задолженија, да се намалат трошењата и да се однесуваат согласно ситуацијата. Не можете да барате од граѓаните да штедат, доколку политичарите не го прават тоа. Политичарите мора да дадат пример, категоричен е Ковачевски.

Слични содржини