„Марка“: Ѕвездите на ПСЖ се степаа

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Фудбалерите на Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид пристигнаа со предност од 1-0 од првиот натпревар. Со голот на Килијан Мбапе водеа на полувремето на „Бернабеу“, а потоа примија три гола од Карим Бензема и испаднаа од натпреварувањето.

Очајот во соблекувалната на богатиот париски клуб резултираше со тепачка меѓу играчите.

Според „Марка“, се започнало со критиките на Нејмар кон Џанлуиџи Донарума за грешката што му претходела на голот на Реал за 1:1. Италијанскиот голман му одговорил на Бразилецот, тензиите се зголемиле и дебатата ескалирала.

Биле упатени и неколку удари пред да интервенираат соиграчите и да ја прекинат тепачката.

Слични содржини