Сериозен ремонт се подготвува на „Олд Трафорд“.
По уште една разочарувачка сезона, Манчестер Јунајтед ќе направи сериозна реконструкција на тимот.
Според британскиот таблоид „Сан“, „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да се ослободат од дури 12 играчи.
На списокот на играчи кои најверојатно ќе го напуштат тимот на лето се: Кристијано Роналдо, капитенот Хари Мегвајер, Линделоф, Ерик Баили, Фил Џонс, Фред, Џеси Лингард, Хуан Мата, Едисон Кавани, Мејсон Гринвуд, Том Хитон и Ли Грант. .
На некои играчи им истекуваат договорите на лето, па ќе можат слободно да изберат нова средина, а некои клубот ќе се обиде да ги продаде.
Да потсетиме, Јунајтед доживеа дебакл во последното коло против градскиот ривал Сити (4:1). „Ѓаволите“ моментно се петти на табелата со 22 бода помалку од лидерот во Премиер лигата.