Првиот тенисер во светот, Данил Медвдев не е сигурен дали во иднина ќе му биде дозволено да се натпреварува поради санкциите наметнати на руските спортисти.
АТП и ВТА ја осудија руската инвазија на Украина, на руските тимови им е забрането да се натпреваруваат, а поединци можат да учествуваат на турнирите како неутрални спортисти.
„Тешко е да се зборува за тоа, бидејќи сакам само да играм тенис. Сакам да го промовирам овој спорт, тоа што го работам. Ситуацијата во моментов е таква што тоа го можам само како неутрален спортист“, изјави Данил.
Запрашан дали очекува на поединци наскоро да им биде забрането да играат, 26-годишниот играч рече: „Никогаш не се знае. Во некои спортови, таква одлука беше донесена. Но, тенисот може да се разликува од другите, бидејќи го играат поединци кои живеат во различни делови на светот. Постои можност, но се надевам дека тоа нема да се случи“.
Медведев го очекува учеството на „Мастерсот“ во Индијан Велс.