Сидорф кон Мбапе: Заобиколи го Мадрид!

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф не се согласува дека кралскиот клуб е вистинското решение за продолжување на кариерата на Килијан Мбапе, кој практично ја заврши мисијата во „Градот на светлината“ по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите.

Коментирајќи го синоќешниот натпревар на една италијанска телевизија, трофејниот холандски фудбалер накратко ја прокоментира иднината на Мбапе.

„Не го гледам Мбапе во овој тим“, изјави поранешниот ас на Ајакс, Реал, Интер и Милан.

Потоа го објасни својот став.

„Ако игра на левата страна, тоа би значело дека Виничиус би се преселил на клупата. Каде би можел да игра? На десната страна, каде што е Асенсио?“, се прашува Седорф.

Тој го наведе примерот со тројниот стрелец Карим Бензема, кој работи за тимот.

„Погледнете што направи. Тој работи за тимот и ја бара топката во длабочина. Мбапе не го прави тоа. Нејмар ја работи таа работа. Мислам дека на Мбапе му треба втор среден ред за да напредува“, заклучи фудбалерот кој ја освои ЛШ со Реал во 1998 година.

Да потсетиме, Мбапе има договор со ПСЖ до 30 јуни, а потоа и дефинитивно ќе се пресели во Реал Мадрид.

Освен ако не се предомисли.

Слични содржини