Плаќал на бензиска станица со фалсификувана банкота од 500 евра

од Nikola Popovski
548 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.Р.(32) од кичевското село Чегране.

Според обвинението, тој на 23.01.2022, на бензинска станица во Кичево, пуштил во оптек банкнота од 500 евра, за која подоцна било утврдено дека е фалсификат.