Баздникин ги нарече „лажни вести“ гранатирањата на болниците и цивилните објекти во Украина

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во неговото гостување на Сител не даде одговор зошто бегаат македонските граѓани од Украина. Тој негираше дека Русија во Украина бомбардира болници и цивилни цели, иако тоа го потврдија и македонските граѓани кои се вратија изминатиов период.

Баздникин како лажни вести го карактеризираше известувањата, сликите, видеата и сведоштвата од гранатирањата на болниците и цивилните објекти во Украина.

Иако ваквите снимки беа објавени од десетици медиуми, новинари, активисти, а имаше и сведоштва на граѓани, сепак за Баздникин сето тоа се лажни вести.

Светската здравствена организација потврди дека од почетокот на руската агресија во Украина биле нападнати 16 здравствени установи.

Слични содржини