Баздникин: Русија безусловно ја признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик и идентитет

од Берта Китинска

Русија и натаму останува посветен пријател на С.Македонија, изјави денеска Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин при неговата посета на Куманово.

„ Ние сме подготвени за конструктивна, взаемна, корисна, соработка до тој степен и во оние области за кои се спремни двете страни. Нашата интеракција треба да се развива на деполитизиран начин, врз принципите на еднаквоста, взаемна доверба и почитување, прагматизмот и водење сметка за меѓусебните интереси. Длабоката взаемна поврзаност на нашите народи не зависи од политичките прилики. Руската страна секогаш безусловно признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет. Русите и Македонците споделуваат заедничките вредности како што се традициите на антифашистичката борба ,“ изјави амбасадорот Баздникин .

Слични содржини