Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
-Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме, истакна Бектеши.