Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ опфаќаат намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедување поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки, соопштија утрово од Бихаќка.
„Историски најмногу ги зголемивме пензиите, а обезбедивме и финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари за следните три месеци.
Претходно обезбедивме ново зголемување на минималната плата која за овој месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа ќе поттикне раст и на останатите плати, но и повеќе пари во пензискиот фонд.
СДСМ како одговорна партија и во време на глобални кризи продолжува со навремена реализација на мерки и политики што го унапредуваат стандардот и обезбедуваат услови за забрзан економски раст“.