Ковачевски: За никој нема да биде лесно, кризата ги погоди сите граѓани на Европа и светот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во видео обраќање до јавноста се осврна на продлабочената економска криза, како и на пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, кој Владата го донесе со цел заштита на граѓаните и стопанството.

„Свесен сум дека за никој нема да биде лесно, но кризата за жал е нешто што ги погоди сите граѓаните на Европа па и светот. Јас и сите членови на Владата и институциите ќе продолжиме посветено и ефикасно да носиме мерки за заштита на животниот стандард, за унапредување на животот на граѓаните и поддршка за стопанството“, вели тој.