217 санкционирани возачи во Скопје, 76 за брзо возење, 33 за возење под дејство на алкохол

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење на сигурносен појас, 29 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.