Пол Погба веројатно ги игра последните месеци во дресот на Манчестер Јунајтед.
Договорот на Французинот истекува во јуни, Мино Рајола и раководството на Јунајтед не ја ни разгледувале опцијата за останување, а сега се огласи и личниот тренер на Погба.
Тој смета дека е дојдено време Погба да избере нови предизвици и дека враќањето во Јувентус се уште е реална опција, но дека не треба да се отпише ниту ПСЖ.
„Погба повеќе нема да биде играч на Манчестер Јунајтед во јуни. Мислам дека е дојдено време да се бара нов клуб, иако Јунајтед сака тој да остане. Време е за нови предизвици и нови емоции, нова средина и за Погба и за Манчестер Јунајтед. Погба е моментално задоволен, особено откако дојде Роналдо, но проблемот е што недостасуваат резултатите. Врвните играчи нема да губат време, туку се мотивирани да ги освојуваат најголемите трофеи“, изјави тренерот на Погба и продолжи:
„Пол би можел да се врати во Јувентус, бидејќи остана во добри односи со клубот, но тука е и ПСЖ. Мислам дека ќе им треба и нов играч од средниот ред. Реал Мадрид повеќе не е опција, бидејќи Зидан повеќе не е тренер. Јуве или ПСЖ се единствените опции во моментов, но во фудбалот никогаш не се знае, ќе почекаме“, изјави личниот тренер на Погба познат како „тренерот Меди“.