САД тврди дека Русија побарала воена и економска помош од Кина

од Nikola Popovski
306 прегледи

Русија побарала од Кина да ѝ испрати воена опрема и економска помош, открива „Фајненшл тајмс“.

Како што дознаваат Фајненшл тајмс од американските официјални лица, Русија побарала од Кина да и испрати воена опрема и економска помош и да ја поддржи нејзината инвазија на Украина, предизвикувајќи загриженост во Белата куќа дека поддршката на Кина за Русија може да ги поткопа напорите на Западот „да им помогне на украинските сили да се одбранат нивната земја“.

Американските власти не откриле што точно барала Русија и кога, туку само дека во одреден момент од почетокот на инвазијата Русија „барала воена опрема и друга помош“.

Сепак, друг американски функционер запознаен со случајот изјавил за „Фајненшл тајмс“ дека Америка се подготвува да ги предупреди своите сојузници бидејќи има индиции дека Кина во моментов се подготвува да и помогне на Русија, додека трет американски функционер додаде дека има индиции дека на Русија и снема оружје.

Во исто време, „Њујорк тајмс“ од свои извори блиски до американските власти дознава дека Русија исто така побарала економска помош од Кина „за да се спротивстави на ударите што нејзината економија ги претрпе од широките санкции наметнати од САД и европските и азиски земји“.