Бројот на заболени секојдневно се намалува, паѓа и бројот на активни случаи кој изнесува 2091.
Иакко се бележи тренд на намалување надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки.
Министерот за здравство Беким Сали викендот изјави дека се уште не е време за тргање на мерките бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени.
– Ние како Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани. Според новата методологија која се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките, истакна Сали.
Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.