Абрамович пронајде засолниште од санкциите, веќе преместил 14 авиони

од Nikola Popovski
378 прегледи

Сопственикот на Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович се најде во големи проблеми поради руската агресија врз Украина. Поради санкциите наметнати ширум светот за руските тајкуни, Абрамович, како и многу други, мораше да најде решение за да го зачува своето богатство.

Абрамович ќе мора да го продаде Челзи поради санкциите кои се обидуваат да влијаат на Владимир Путин и олигарсите да поттикнат бунт, а засега успеал да најде земја во која ќе може малку полесно да живее и во која нема санкции за Русите. Медиумите ширум светот пишуваат дека бил лоциран авионот на Абрамович.

Русинот наводно ги паркирал своите 14 авиони во израелската престолнина Тел Авив во неделата наутро. Абрамович го избра Израел затоа што е една од ретките земји која не воведе санкции за олигарсите поврзани со Путин и руската влада, која е главниот виновник за ситуацијата во Украина, а израелскиот новинар Амихај Стајн објави дека како меѓу споменатите авиони бил и главниот на Роман Абрамович, па милијардерот изгледа решил привремено да се насели во таа земја.

Абрамович има и израелско државјанство, а има и три имоти во Тел Авив. Една од неговите јахти веќе се упатил кон Израел, откако двата луксузни брода што ги поседува мораа да ја напуштат британската територија поради санкции. Засега Израел не одлучил да ги санкционира олигарсите, па и други руски тајкуни би можеле да го следат Абрамович.

Фото: Paul Marriott/Alamy/Alamy/Profimedia

Слични содржини