Министерството за труд и социјална политика соопшти дека разрешената директорката на градинката „Детска радост“ во Гази Баба, повторно е вратена на работа.
-Постапувајќи по укажување на Министерството за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска. Со тоа ја поништи претходно донесената одлука за разрешување на директорот на установата и го поништи решението за имненување на вршител на должноста директор на установата, истакнаа од МТСП.
Медиумите реагираа на овој случај, а регираше и политичката партија СДСМ, дека со незаконски извештај се менува директорката.
-Спротивно на законот, градоначалникот на Општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров. Станува збор за Добри Петров, назначен за в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ’Гази Баба‘. Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб-страницата на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца. Со ова прекршен е член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, обвинија претходно од СДСМ.